Home » Македонската заедница дел од свеченото одбележување на 1-ви Август во Швајцарија

Македонската заедница дел од свеченото одбележување на 1-ви Август во Швајцарија

by Simona Stoleska
5 views
Одбележување на националниот празник на Швајцарија!
Општина Ешален интензивно се подготвува за свеченото одбележување на националниот празник на Швајцарија – 1-ви Август. Голема чест е што на овој значаен настан свое учество во културно-уметничката програма ќе има и Македонското друштво „Македонија“.
Посебна чест и признание за МДД „Македонија“ претставува поканата делегација на друштвото да присуствува на свечениот прием – Чаша на пријателството, со која традиционално се заокружува прославата на националниот празник на Швајцарија. Овој прием, што ќе се одржи во Општинското собрание на Ешален, претставува симбол на почитта, пријателството и заедништвото меѓу локалната власт, институциите и заедниците што придонесуваат во општествениот и културниот живот.
Ова претставува уште едно признание за успешната работа на Македонското друштво „Македонија“ и за неговиот придонес во негувањето на пријателството, меѓусебното почитување и културната соработка меѓу македонската заедница и швајцарското општество.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе