14
ПОВИК ДО УМЕТНИЦИ, КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ И УСТАНОВИ
Ги поттикнуваме уметниците, културните дејци и установите од Северна Македонија да аплицираат на Годишниот конкурс за меѓународна соработка за 2027 година на Министерството за култура и туризам и преку оваа можност да ги претстават своите дела во Обединетото Кралство.
Обединетото Кралство е еден од најзначајните културни центри во светот, а македонската култура има што да понуди.
Бројните концерти на Симон Трпчевски, претставувањето на Виничките теракотни икони на меѓународната изложба „Империи на верата“, прикажувањето на македонски филмови, вклучително неодамнешното на „Диџеј Ахмет“, како и настапите на Танец во Лондон и Оксфорд оваа година, се само дел од успешните примери на македонско културно присуство во Обединетото Кралство.
Да го зголемиме ова присуство.
Аплицирајте за поддршката од Министерството за култура и туризам и претставете ја вашата уметност, креативност и културно наследство пред британската и меѓународна публика.
Годишен конкурс за меѓународна соработка за 2027 година за физички лица:
Годишен конкурс за меѓународна соработка за 2027 година за правни лица:



