Во градската библиотека во Гетеборг, по 36-ти пат се одржа традиционалната манифестација денови на македонската поезија. Преку поетски читања, музички настапи и детски рецитали, македонската заедница во Шведска уште еднаш успеа да ги пренесе традицијата и јазикот на новите генерации. Овој настан беше не само културна средба, туку и можност за дружење, создавање нови мостови и јакнење на заедништвото помеѓу Македонците во дијаспората. Од Гетеборг, Шведска, за македонската телевизија – Петар Точев
,,Денови на македонската поезија во Гетеборг”
27
previous post