Home » Средба со претставници на македонската црковна заедница од Литл Хемптон, Англија

Средба со претставници на македонската црковна заедница од Литл Хемптон, Англија

by Simona Stoleska
8 views
Агенцијата за иселеништво ја посети Отец Виктор Стојчев, во придружба на Горан Митески, претседател на Црковната општина МПЦО „Св. Георгиј“ од Литл Хемптон, Англија, и Дарко Петрески, заменик-благајник на Црковната општина.
Во рамки на посетата, беше остварена средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, на која се разговараше за црковниот живот, активностите и организираноста на македонската заедница во овој дел на Англија.
Посебен акцент беше ставен на зацврстувањето на врските со татковината, воспоставувањето и унапредувањето на идната соработка, како и поддршката на училиштето по македонски јазик, кое има особено значајна улога во зачувувањето на македонскиот јазик, културата и националниот идентитет кај помладите генерации.
Како конкретен знак на поддршка на образовните активности, Агенцијата за иселеништво подари учебен материјал за потребите на училиштето по македонски јазик.
Воедно, значајно е да се истакне дека Горан Митески е и косопственик на ресторанот „Вардар“ во Литл Хемптон, еден од најстарите македонски ресторани во овој дел на Англија, кој повеќе од 50 години претставува место на македонско дружење, традиција и поврзување на нашите иселеници.
Агенцијата за иселеништво останува посветена на градењето цврсти партнерства со македонските црковни општини, здруженија и организации ширум светот, со заедничка цел – зачувување на македонскиот јазик, култура, духовност и национален идентитет и негување на нераскинливите врски со татковината.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе