Вчера во Јанче се промовираше новата збирка поезија ,,Корени и светлина” од Сара Оручи Мемедовска, млада поетеса од Германија а по потекло од Македонија, село Броштица. Пред многубројната публика се обрати директорот Горан Ангелов со искрени честитки и желби за понатамошни успеси во творењето и пишувањето на македонски јазик. Тој го истакна значењето на негувањето на мајчиниот јазик во иселеништво преку литературното творештво и се заблагодари на младата поетеса за нејзиното присуство и активно учество на програмите на Агенцијата за иселеништво од областа на културата.
Промоција на збирката поезија „Корени и светлина“ од Сара Оручи Мемедовска
10



