55
Во работна посета на Општина Чешиново-Облешево денес беше директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов.
Во рамки на посетата, директорот оствари средба со градоначалникот, при што беше потпишан Меморандум за соработка. Со овој документ се поставуваат темелите за заеднички активности и продлабочување на соработката, со цел поддршка на иселениците и развој на општината.
Воедно, беше договорена и официјална посета на областа Пиемонт, Италија, која ќе се реализира во месец јуни, со цел унапредување на меѓународната соработка и воспоставување нови партнерства.
Општина Чешиново-Облешево продолжува активно да гради партнерства кои придонесуваат за напредок и поврзување со дијаспората.



