50
Денес во Струга директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов и директорот на Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш, потпишаа меморандум за соработка со кој се потврдува понатамошната соработка помеѓу двете институции при доделувањето на наградата ,,Стојан Христов” за најдобра книга поезија напишана од иселеник, која ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамки на програмата на Струшките вечери на поезијата.
Наградата ,,Стојан Христов” се доделува 16 години по ред. Конкурсот за оваа година сеуште е отворен и трае до 1 мај 2026 година.
Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 24-28 јуни 2026 година.


