19
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во придружба на раководителот на сектор за одржување на врските со иселениците, Билјана Костова, остварија работна средба со иселеници кои живеат и работат во К. Белгија, во градот Вилворд, во близина на Брисел.
Средбата беше организирана од страна на вршителот на должност во македонската амбасада во Брисел, г-ѓа Сузана Мехмеди, која го придружуваше директорот Ангелов за време на средбите, со активно учество со информации од делокругот на конзуларните услуги на амбасадата.
Иселениците срдечно се заблагодарија за посетата и можноста за првпат да ги споделат своите искуства, проблеми и потреби пред претставници на Агенцијата за иселеништво. Информираа за постоењето на Клубот „Македонија“ од пред повеќе од 30 години, но со текот на времето, поради намален интерес од страна на новите генерации, Друштвото не функционира. Сметат дека е потребно возобновување на Здружението преку кое ќе се чествуват празници, ќе се дава поддршка на новодојдените, ќе се активират спортски настани и донаторски активности. Исто така, ја истакнаа важноста и од поголема организираност и единство во дејствувањето на Црковната општина.
Директорот Ангелов информира дека Агенцијата за иселеништво преку своите програми и надлежности ќе даде поддршка на иселениците во идните планови идеи за здружување. На крајот од средбата упати благодарност до Марина и Митко Крстевски и сите за ангажираноста околу средбата и им подари теракотна икона и знаме на Република Македонија.