Home » Повик до македонските уметници и културни дејци за претставување во Обединетото Кралство во 2027 година

Повик до македонските уметници и културни дејци за претставување во Обединетото Кралство во 2027 година

by Simona Stoleska
16 views
ПОВИК ДО УМЕТНИЦИ, КУЛТУРНИ ДЕЈЦИ И УСТАНОВИ
Ги поттикнуваме уметниците, културните дејци и установите од Северна Македонија да аплицираат на Годишниот конкурс за меѓународна соработка за 2027 година на Министерството за култура и туризам и преку оваа можност да ги претстават своите дела во Обединетото Кралство.
Обединетото Кралство е еден од најзначајните културни центри во светот, а македонската култура има што да понуди.
Бројните концерти на Симон Трпчевски, претставувањето на Виничките теракотни икони на меѓународната изложба „Империи на верата“, прикажувањето на македонски филмови, вклучително неодамнешното на „Диџеј Ахмет“, како и настапите на Танец во Лондон и Оксфорд оваа година, се само дел од успешните примери на македонско културно присуство во Обединетото Кралство.

Да го зголемиме ова присуство.

Аплицирајте за поддршката од Министерството за култура и туризам и претставете ја вашата уметност, креативност и културно наследство пред британската и меѓународна публика.
Годишен конкурс за меѓународна соработка за 2027 година за физички лица:
Годишен конкурс за меѓународна соработка за 2027 година за правни лица:
Системот за електронско пријавување ќе биде отворен до 30 октомври 2026 година, до 15:30 часот.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе