Учениците од Едукативниот центар Едусфера од Битола, кои го посетуваат курсот по германски јазик предводени од наставничката Ана Жежовска, деновиве во Салцбург го остваруваат проектот за размена на младинци меѓу Битола и Салцбург, во организација на Македонското здружение,, Македониум” од Салцбург. Учениците според програмата се сместени кај свои другарчиња по по екло од Македонија и ги посетуваат музеите, библиотеките и културно-историските знаменитости на Салцбург. Директорот Ангелов ги поздрави учениците и ја истакна важноста на ваквите проекти и размени заради зацврстување на врските, размена на искуства и глобални вредности и усовршување на двата јазика. Истиот е добар пример и за останатите иселенички организации да се вмрежуваат и соработуваат со македонските основни и средни училишта
Младинска размена меѓу Битола и Салцбург преку проект на „Македониум“
45

