9
На покана од страна на организаторот Едмонд Темелко, делегација од Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Горан Ангелов присуствуваше на Македонскиот фолклорен фестивал ,, Преспа” во Пустец Албанија, под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Во своето обраќање премиерот Мицкоски ја истакна важноста на чувањето на македонскиот јазик, фолклор и култура кај Македонците во соседните земју кои како автохтоно население се нераскинлив дел од матичната држава. Владата во периодот кој следи ќе се фокусира кон програми за поддршка на Македонците во Пустец и зацврстување на врските.
Директорот Горан Ангелов оствари кратка средба со градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски и подари промотивен и учебен материјал за потребите на училиштето по македонски јазик и култура во Пустец.
На фестивалот учествуваа фолклорни друштва од Битола, од Кресна и од Егејска Македонија, како и музичкитете уметници



