Home » Иселенички Литературни средби 26-28 мај 2026 година Струмица

Иселенички Литературни средби 26-28 мај 2026 година Струмица

by Stanela S
37 views
Иселеничките Литературни средби во Струмица започнаа со посета на Саемот на книгата каде градоначалникот Петар Јанков во своето поздравно обраќање им посака добредојде и успешни средби на писателите од иселеништво.
Согласно програмата, во попладневните часови во амфитеатарот во Градскиот парк се одржа литературно читање каде наизменично читаа писатели од иселеништво и писатели од Струмица. Настанот го водеа Билјана Костова од Агенцијата за иселеништво и Ирена Бабамова Стојчева од Струмица.
Во вечерните часови литературните творци од иселеништво имаа можност да се претстават, да разменат искуства и пишани дела, и да развијат нови пријателства по перо.
Главна тема беше љубовта кон татковината, кон мајчиниот македонски јазик и мотивот за творење на истиот.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе