Home » Горан Ангелов во посета на МПЦО „Св. Наум Охридски“ во Виена

Горан Ангелов во посета на МПЦО „Св. Наум Охридски“ во Виена

by Stanela S
54 views
По неделната Богослужба во МПЦО Св. Наум Охридски во Виена, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов се обрати до присутните верници со честитки за новоформираниот Управен одбор и упати голема благодарност кон досегашното раководство за нивната бесценета улога во создавањето, опстојувањето и развојот на овој духовен дом до ден денес. Отецот Јовица Тодевски уште еднаш ги информира верниците дека за време на последното Епархиско Европско собрание во Трир, Илија Анѓелески беше ракопроизведен со чин ипоѓакон од страна на Неговото Високопреосвештенство г. Пимен.
По Богослужбата директорот оствари средби и разговори со верниците во кругот на Црквата кои го информираа за тековните и идни состојби.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе