Home » Виена беше центар на македонскиот фолклор во Европа

Виена беше центар на македонскиот фолклор во Европа

by Stanela S
49 views
Вчеравечер во Виена во организација на КУД ,,Македонка”од Виена, Австрија, успешно се одржа Фолклорниот фестивал на македонските иселенички фолклорни групи од Европа, настан кој уште еднаш ја потврди силата, единството и богатството на македонската култура и традиција ширум европскиот континент.
На фестивалот учество зедоа:
МКД ,,Св.Кирил и Методиј” од Крањ
КУД ,,Македонија” од Локарно
МФ ,,Гоце Делчев” од Гетеборг
КУД ,,Т’га за југ” од Пиеве ди Солиго
МКД ,,Св. Кирил и Методиј” од Линц
МКД ,,Македонија” од Сплит
,,ФС Блажевски” од Скопје
Преку спектакуларни настапи, раскошни народни носии и изведби на автентични македонски ора, фестивалот прерасна во вистински празник на македонскиот дух. Салата ечеше и грмеше во препознатливиот 7/8 такт, а публиката со огромен ентузијазам ги поздрави настапите на сите ансамбли кои со љубов и посветеност ја негуваат македонската фолклорна традиција далеку од татковината.
Во знак на поддршка, почит и благодарност за нивната долгогодишна заложба во зачувувањето и промоцијата на македонската култура, директорот на Агенција за иселеништво Горан Ангелов им додели пригодни подароци со мотив од познатото македонско оро ,,Тешкото”.
Овој фестивал претставува уште еден силен доказ дека македонската традиција, песна и оро продолжуваат да живеат и да се пренесуваат меѓу генерациите, обединувајќи ги Македонците ширум Европа во духот на заедништво, љубов и национална гордост. Следната година фестивалот ќе се одржи во Локарно, Швајцарија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе