Home » Берово домаќин на Музичко-етнолошки камп за децата на иселениците

Берово домаќин на Музичко-етнолошки камп за децата на иселениците

by Simona Stoleska
15 views
Од денеска, па во наредните пет дена, Берово е домаќин на Музичко-етнолошкиот камп наменет за децата на иселениците.
На кампот учествуваат 45 ученици од Германија, Хрватска, Малта, Турција, Словенија, Србија, Шведска и Обединетото Кралство, кои преку богата програма ќе се запознаат со македонската изворна музика, традиционалните инструменти и фолклор. Програмата опфаќа екскурзии, посета на манастири, занаетчиски работилници за стари занаети, планинарење и забава со македонска забавна музика.
На свеченото отворање, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов и програмскиот менаџер на кампот, Дина Муцунска, им посакаа топло добредојде на учениците и успешен престој.
Тие истакнаа дека ваквите кампови имаат големо значење за зачувување на македонскиот јазик, традиција и културен идентитет кај младите иселеници.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе