Home » Агенцијата за иселеништво во посета на МКЗ „Македониум“ во Салцбург

Агенцијата за иселеништво во посета на МКЗ „Македониум“ во Салцбург

by Stanela S
39 views
На покана од страна на Македонското културно здружение ,,Македониум” од Салцбург, Австрија, делегација од Агенцијата за иселеништво денес оствари посета и работна средба со раководството на здружението, во работните простории во Салцбург. Претседателот Златко Јосифоски информираше за сегашните и идни активности на здружението и за состојбата на македонската заедница во Салцбург. Поради големиот број на македонски семејства, освен активности од културен карактер, се наметнува и прашањето за религиозна организираност за остварување на духовните и верски потреби на иселениците.
Во рамки на здружението се одвива наставата по македонски јазик која ја следат триесет ученици, но се дискутираше за заеднички активности со Агенцијата за иселеништво за поттикнување и мотивирање на родителите да ги пријавуваат децата во редовните училишта каде имаат можност да добијат настава по мајчин јазик. За поддршка на наставата која ја водат Снежана Јосифоска, Јулија Белушкова и Данче Николова Тричковски, директорот Горан Ангелов подари учебници и букварчиња и македонски знаменца за учениците.
Здружението го негува и македонскиот фолклор преку своја фолклорна група за кој веќе има обезбедено кореографи и носии, а за следната година во месец април е најавен и првиот концерт на кој ќе гостуваат австриски и македонски фолклорни друштва од повеќе држави во Европа.
Директорот Горан Ангелов се заблагодари за поканата, упати честитки за организираноста и за остварените резултати на здружението и им подари Благодарница за чување на македонската култура и традиција во Австрија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе