5
Вечерва македонското друштво ,,МАК-МЕЛ Бургдорф” од Швајцарија го прослави својот 30-годишен Јубилеј со македонска музика и голем број посетители, членови на друштвото, претставници од други друштва и настап на девојчињата од ,,КУД Мелница” кои дојдоа од Македонија да ја збогатат содржината на прославата.
На настанот се обрати досегашниот претседател Ердован Етоски кој се заблагодари до членовите и упати апел кон помладата генерација да ја продолжат традицијата на своите родители.
Од страна на Агенцијата за иселеништво се обрати Билјана Костова, со честитки за 30 – годишната посветеност, заложба и љубов кон македонската култура, традиција и јазик и понатамошни успеси во дејствувањето на друштвото. Од страна на македонската амбасада во Берн се обрати Министер советник Славица Јовановска, која е од неодамна повторно на мандат во Берн и истакна дека вратите на амбасадата ќе бидат широко отворени за потребите од конзуларни услуги на македонските граѓани кои живеат во Швајцарската Конфедерација!



