6
Светата Литургија во новиот храм на МПЦО “Собор на сите Македонски Светители” во Корденонс по повод празникот “Св.Наум Охридски Чудотворец” заврши со славски ручек дониран од кумовите и веселба приредена од играорците од КУД “Тʼга за југ” од Пјеве до Солиго и музичката група “Мите и Коки Бенд”, кои со својата прекрасна изведба и песна, и исклучителниот настап придонесоа прославата да добие посебна свеченост.
Голема благодарност и честитки за организацијата до: Ранко Симиџиоски, Спасе Симиџиоски, Пане Шикулески, Љубе Глигороски, Мирче Долински, Танче Анѓелкоски, Горан Наумоски, нивните сопруги и деца, до старите и новите кумови, до Наташа Наумоска и КУД “Тʼга за Југ” и играорците, до Отец Дејан и Отец Орце и сите присутни на овој прекрасен весел настан на кој се славеше верата и љубовта кон татковината.



