101
На покана на Фондацијата за демократија на Вестминстер(ВФД), на Конференцијата која деновиве се одржува во Велес, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов имаше чест да се обрати пред Националниот координатор за демографија во Владата, Влатко Ѓорчев и прететставници на државните институции, на тема “Циркуларна миграција и привлекување инвестиции од дијапоспората”.
Во рамки на работните средби ја истакна клучната улога на Агенцијата за иселеништво како стратешки партнер со Минстерството за надворешни работи и надворешна трговија во реализација на мерките од новата Стратегија за соработка со дијаспората 2026-2030 година, како и соработка со надлежните институции во процесот на создавање подобри економски можности и услови за инвестрање на дијаспората во Македонија.



