Home » Австралија му оддаде почит на отец Гаврил (Галев) – три признанија за посветената служба на македонската заедница

Австралија му оддаде почит на отец Гаврил (Галев) – три признанија за посветената служба на македонската заедница

by Simona Stoleska
7 views

Македонскиот духовник отец Гаврил (Галев) доби три високи признанија за неговиот долгогодишен придонес кон Македонската заедница во Австралија

Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (МАСО), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност со македонската заедница во Австралија.

Особено значајно е што признанијата доаѓаат од различни институции, како потврда за широкото признание што го ужива неговата работа.

♦ Признание од Парламентот на Викторија, врачено од пратеничката Натали Хачинс, за неговата континуирана работа, пожртвувана служба и поддршка на македонската заедница во државата Викторија.

♦ Признание од Владата на Викторија, врачено од министерката Ингрид Стит, во соработка со Македонската австралиска заедничка организација (МАСО), за неговиот повеќе од дваесетгодишен придонес во работата со младите, зачувувањето на македонската култура, традиција и идентитет, како и за неговото активно општествено ангажирање.

♦ Признание од Македонско-австралиската федерација на пензионери (признанието го врачи Стојан Јанакевски, претседател на федерацијата) за неговата долгогодишна посветеност, несебична служба и исклучителен придонес во духовниот и културниот развој на македонската заедница во Австралија.

Овие три признанија претставуваат уште една потврда дека долгогодишната и пожртвувана служба на отец Гаврил Галев е високо ценета и препознаена не само од македонската заедница, туку и од институциите на австралиската држава, кои го вреднуваат неговиот значаен придонес во зачувувањето на македонското духовно, културно и национално наследство во Австралија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе