Home » Одржана деветтата Иселеничка средба

Одржана деветтата Иселеничка средба

by Simona Stoleska
3 views
Во прекрасна атмосфера, во атарот на манастирот „Св. Спас“ во село Драгобраште, се одржа деветтата Иселеничка средба, традиционален настан кој ги обединува нашинците од дијаспората со нивниот роден крај.
Присутните гости имаа можност да уживаат во дружењето, музиката и богатата македонска традиција. За доброто расположение и музичкиот дел од програмата се погрижија Елена Јовчевска и Ирена Спасовска, а со свој настап се претставија и членовите на КУД „Камен Мост“ од Канели, Италија.
КУД „Камен Мост“ Канели е формирано од нашинци кои живеат во Канели, Италија, пред само година и половина, а за краток период веќе бележи низа успешни настапи, со што активно придонесува кон зачувувањето и промовирањето на македонската култура, традиција и фолклор во дијаспората.
На присутните им се обратија и им посакаа пријатен престој и убави моменти во својот роден крај градоначалникот на Општина Виница Митко Костадиновски, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, како и претседателката на Здружението „Камен Мост“ од Канели, Италија, Илона Захариева, кое воедно е и организатор на оваа традиционална средба.
Иселеничките средби се уште една потврда дека врската со родниот крај не познава граници. Тие се можност за повторни средби, дружење, споделување спомени и заедничко негување на македонските корени, без разлика каде живееме.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе