Home Иселенички СтраниЕвропа ЗГМНЗ „Гоце Делчев“ од Врање објавува конкурс за пишани дела по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев

ЗГМНЗ „Гоце Делчев“ од Врање објавува конкурс за пишани дела по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев

by Марко Стоименовски
29 views

Ј А В Е Н  П О В И К

,,Гоцеви денови 2023,,

,, Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите’’

Ретки се народите кои имат личности од формат на Гоце Делчев.Со право современа Македонија гаи длабок пиетет кон Гоце Делчев, првеноецот на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

И ова година по десети пат ЗГМНЗ,,Гоце Делчев,,Пчињски округ Врање ке организира манифестацијата ,,Гоцеви денови-2023,,.Во склоп на ова манифестација е и конкурсот по повод раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев(04.02.1872. година),со тема,,Животот и делото на Гоце Делчев,, На конкурсот можеа да учествуваат ученици со песна,со состав ,филм и цртеж на дадената тема. од основните и средните училишта во три категории.

Завршна вечер на манифестацијата ,,Гоцеви денови 2023,, ке се одржа на 04.05.2023.во регионалната канцеларија на здружението каде ке бидат поделени награди и признанија..

На завршната вечер планираме настап на средното музичко училиште Стеван Мокрањац.

Манифестацијата почнува на 04.02.2023.год. и трае до 04.05.2023.год.

Врање,25.01.2023.год.

Преседател на ЗГМНЗ,,Гоце Делчев,,Пчињски округ Врање

Пецо Ристески

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!