Home Активности на Агенцијата за иселеништво Средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и г-ѓа Катерина Настевска, претставник од Македонската заедница во Осло

Средба помеѓу директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и г-ѓа Катерина Настевска, претставник од Македонската заедница во Осло

47 views

На 22 јуни 2023 година во просториите на Агенцијата за иселеништво се одржа работна средба помеѓу г-ѓа Катерина Настевска, претставник на Македонската заедница од Осло, Норвешка и директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски.

На средбата г-ѓа Настевска се заблагодари за учебниците испратени од страна на Агенцијата за иселеништво за поддршка на новоорганизираната настава по македонски јазик во Осло, која е формирана и финансирана од страна на родителите. Наставата ја посетуваат триесеттина ученици на различна возраст, поделени во три групи според познавање на јазикот. Часовите се одржуваат во простории доделени од општината. Со оглед на тоа дека во септември ќе продолжи наставата г-ѓа Настевска се обрати до Агенцијата за иселеништво за понатамошно обезбедување на учениците со едукативен и учебен материјал.

Воедно г-ѓа Настевска информира дека Македонската заедница во Норвешка е главно сконцентрирана во Осло и брои приближно околу 2000. Оваа година се направени обиди да се возобнови Културно-спортското друштво „Македонија“ како и формирање на нова црковна општина во рамки на Европската Епархија, Св.Петка.

Откако ќе се  регистрираат, државата Норвешка ќе ги поддржи активностите на организираните форми со кои средства Иницијативниот одбор ќе има можност да ја одржува и понатаму наставата по македонски јазик, како и да ги реализира црковните служби и културно- спортските активности во рамки на предвидената програма за работа.

Македонската заедница има континуирана соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Осло и поддршка при организирањето.

Директорот Близнаковски се заблагодари за посетата и за корисните информации од страна на г-ѓа Настевска и ја истакна подготвеноста на Агенцијата за иселеништво да ја поддржи организираноста на Македонската заедница во Норвешка во сите полиња, посебно во делот на подигање на наставата по македонски јазик на повисоко ниво преку доделување на учебен материја за сите нивоа на учење.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!