Home » Отворање на Иселеничкиот фолклорен фестивал во Охрид

Отворање на Иселеничкиот фолклорен фестивал во Охрид

139 views

Денес во Охрид во Хотел Конгресен центар пристигнаа играорците од шест иселенички фолклорни друштва кои ќе учествуваат на Иселеничкиот фолклорен фестивал во организација на Агенцијата за иселеништво, со концерти во Охрид и Струга. Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во поздравното обраќање им посака срдечно добредојде, им заблагодари за интересот за учество на Фестивалот и истакна дека негувањето на фолклорот во иселеништво е од непроценливо значење за чувањето на македонската традиција и култура и нивно пренесување на идните генерации.

Во знак благодарност за досегашната соработка, директорот Близнаковски на иселеничките фолклорни друштва им врачи благодарници и им  подари икони за нивните седишта.

Оваа година на Иселеничкиот фолклорен фестивал ќе учествуваат:
КУД „Македонка” од Виена, Австрија,  МКД „Св.Кирил и Методиј” од Крањ, Словенија,  МКД „Охридски бисери” од  Нова Горица, Словенија, Ансамбл „Сонце” од Крајова, Романија, МКД „Браќа Миладиновци „Осиек, Хрватска, и КУД „Разиграна Македонка” од Квинбијан, Австралија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!