Home Активности на Агенцијата за иселеништво Македонска културна вечер во Брезје кај Тржиќ, Република Словенија

Македонска културна вечер во Брезје кај Тржиќ, Република Словенија

34 views
Во недела на 21 мај 2023 година,се одржа ,,Македонска културна вечер” во местото Брезје кај Тржиќ во организација на друштвото ,,Света Нежа” во соработка со МКД ,,Св. Кирил и Методиј” од Крањ. На настанот домаќините имаа подготвено презентација со патепис за Македонија со информации за неколку места и градови, а гостите од Крањ се претставија со фолклорен настап од најмладата група и изворни песни и инструменти.
На настанот присуствуваше директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, кој пред македонската и словенечка публика ги поздрави организаторите, ги информира за програмите на Агенцијата за иселеништво и им посака успешна соработка на двете друштва во иднина,во насока на чувањето на македонската култура и традиција. Вечерта беше збогатена со вкусна македонска трпеза подготвена од Македонците кои живеат во овие краишта на Република Словенија
https://www.facebook.com/iselenistvo

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!