Home Иселенички СтраниАвстралија Излезе нова книга во издание на МЛД „Ванчо Николески“ од Квинбијан

Излезе нова книга во издание на МЛД „Ванчо Николески“ од Квинбијан

by Марко Стоименовски
41 views

На 11.2..2023 та година, во црковните простории на православната црква „Свети Илија“ од градот Квинбијан, Нов Јужен Велс, Австралија, под покровителство на Литературното друштво „Ванчо Николески“ се одржа промоција на третиот по ред роман „Вистината има голо лице“ од писателката и поетеса Велика Џангаловска Гатсис.

Промоцијата ја отвори познатата долгогодишна водителка на Македонската радио програма во Канбера госпоѓата Сузана Митева. Во нејзиното излагање, таа прочита делови од биографијата на писателката, содржини од нејзините поранешни дела, а зборуваше и за нејзините награди кои ги има добиено.

На оваа успешна промоција беа дојдени гости од Квинбијан, Канбера, Сиднеј и Њу Кастел. На промоцијата присуствуваше и амбасадорката од Канбера, која е дојдена од Македонија, збогатувајќи ја промоцијата со еден искрен говор до гостите кои присуствуваа таму.

Романот е напишан според вистинит настан и во него писателката ја опишува силата која нѐ створи и управува со нас, силата која го контролира целото наше битие, а тоа е нашиот ум, кој во еден момент нѐ искачува до совршенство, а во следен нѐ пика во црна темнина, од каде тешко се излегува.

Мислата во нашиот ум полека се вовлекува како некој црв во нашиот мозок, поткопувајќи ја нашата сигурност и почнува полека да владее со нас. Ова се случува и со малиот Давид, а може да се случи и со било кој од нас, зашто меѓу доброто и лошото нѐ дели само еден чекор.

Ова е уште еден добар роман кој заслужува да се прочита. (М.Н.)

 

https://www.mn.mk/iselenici-region/21679-PROMOCIJA-NA-ROMANOT-VISTINATA-IMA-GOLO-LICE?fbclid=IwAR2NYOfq0zKPMrtdLn-gJAXHkVV_N96CkqXUaPYfU1hmpFkpQKazGyW09ic

 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!