Home » 20 години изучување на македонскиот јазик во Пула – две децении посветеност и зачувување на македонскиот идентитет

20 години изучување на македонскиот јазик во Пула – две децении посветеност и зачувување на македонскиот идентитет

by Simona Stoleska
11 views
20 години македонски јазик во Пула – јазикот што нè поврзува!
Ден исполнет со бројни активности, нови идеи, инспирација и размислувања за тоа како да го негуваме и зачуваме македонскиот јазик кај младите генерации.
Посебна чест ни беше гостувањето на Анета Велковска, директорка на Училиштето „Браќа Миладиновци“ од Скопје, Македонија, со која одржавме прекрасен час по македонски јазик и култура – средба исполнета со размена на искуства, спој на идеи и заеднички размислувања за иднината на македонскиот јазик во Пула.
Ваквите средби нè потсетуваат дека јазикот не се учи само од книги. Тој се живее, се споделува и се пренесува со љубов, посветеност и заедничка работа.
Дваесет години учење македонски јазик во Пула се две децении истрајност, посветеност и зачувување на нашиот јазичен и културен идентитет.
Продолжуваме со нови идеи, соработка и верба дека македонскиот јазик ќе продолжи да живее во срцата на нашите деца!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе