40
Викендов во организација на Здружение Река се одржа Фудбалскиот турнир ,,Река куп Трентино 2026″ во Трентино Италија.
На турнирот присуствуваше директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов кој на организаторот му подари Благодарница за соработка и за успешно организиран спортски настан во иселеништво.
Во основа учествуваа 18 екипи од кои
1-во место освоија Реканци Трст
2-ро место Едил Бренд Требиште
3-то место Велебрдо.
За најдобар голман беше прогласен Адмија Асани од Велебрдо,
најдобар играч Едис Абдулаи од Жировница и најдобар стрелец Николо Анџелини од Италија.
Следниот турнир ќе се одржи на 29 мај 2027 во Трст



