9
Во Градската библиотека во Нашице се одржа претставување на новата книга на Драгољуб Силјаноски, насловена „Македонија на ослободувањата‘“. Со овој настан, истовремено беше одбележана и десетгодишнината од постоењето на Македонското книжевно катче во Градската библиотека во Нашице.
Покрај самото претставување, за присутните беше поставена и изложба на разгледниците врз кои се заснова книгата.



