41
Во организација на вработените од
ЛУБ “Благој Јанков Мучето” Струмица, Аница Глигорова Милева и Гонца Запрова Анастасова, учесниците на Иселеничките литературни средби во Струмица учествуваа на работилница за Оримото техника.
Оримото е јапонска техника за уметничко виткање страници од стари книги за да се создадат форми, зборови или слики без сечење на страниците. Името доаѓа од јапонските зборови „ori“ (виткање) и „moto“ (книга).
Секоја страница се витка по одредени мерки и со редоследот на виткања се создава 3D дизајн кога книгата е затворена или полуотворена
Најчести мотиви се: срца, иницијали, датуми, животни и др. предмети. На работилницата присуствуваа ученици од Стумица кои им подарија веќе изготвени креации со Оримото техника на гостите од иселеништво.
По работилницата, учесниците присуствуваа на литературно читање во градска библиотека ЛУБ “Благој Јанков Мучето” Струмица заедно со локални поети, каде во знак на благодарност врачија свои дела на директорката на библиотеката.





