6
Кога љубовта кон родниот крај се претвора во поезија
„ОРЕШЕ – СЕЛО МИЈАЧКО“ е насловот на книгата на Милош Фидановски, македонски автор кој веќе пет децении живее во Германија, а својата љубов кон родното Ореше, македонскиот јазик и традицијата ја преточува во стихови.
Неговата поезија носи спомени, носталгија, љубов кон родниот крај и длабока поврзаност со македонските корени.
Идејата за издавање на книгата се реализираше со поддршка на Илина Јаковчевска Јовановиќ, која помогна ракописот да го добие своето печатено издание.
Оваа книга е уште еден доказ дека македонското иселеништво создава и остава трајни културни вредности.
Секое вакво дело е мост меѓу генерациите, меѓу родниот крај и сегашноста, меѓу Македонија и Македонците ширум светот.
Честитки до Милош Фидановски за ова вредно книжевно остварување!
