6
Изминатиов викенд (на 31. октомври 2026 г.), Мфг КАЛИНА од Љубљана (Словенија) и маестро Игор Димовски од “Пауза за Ракија” имаа успешен заеднички настап пред публиката во Домот на културата во Љубљана – Брод.
Настанот започна со прекрасно македонско оро, продолжи со нижење на познатите македонски народни песни како што се “Промени се Суте”, “Доста, доста, лично ле Стојне”, “Каранфилот, филфилот”, “Лено моме галено”, “Доне Донке”, “Седело Ѓуре”, “Шеќерна” и многу други.
Атмосферата во салата кулминираше и продолжи по нивниот настап, присутната публика играше и пееше заедно со нив на “Македонско девојче, “Бело лице љубам јас”, “Јовано, Јованке” и многу други…
Ваквите настани ја продолжуваат врската со татковината, го чуваат коренот од заборавот и придонесуваар кон зацврстувањето на духовната сила на Македонците што живеат надвор од матичната земја. Секоја песна е посебен мерак за душата, некои ја враќаат носталгијата, други си ја радуваат и си ја галат душата. Македонските ритмови и македонската песна секогаш умеат да ги допрат емоциите не само на македонската душа, туку и на другите. Така покрај Македонците, на концертот беа воодушевени и словенечките гости, посебно кога во некој миг стана целата публика, аплаудирајќи и пеејќи заедно со членовите на МФГ Калина и маестро Димовски.
Овој настан беше уште еден успешно реализиран проект на МФГ КАЛИНА од Љубљана којашто веќе 19 години се обидува, заедно со неколкумина други активни македонски културни друштва во Словенија, од една страна да ја негува македонската културна традиција, а од друга да ја презентира нашата култура и во словенечката средина.

