Home » Иселеник од Жировница донираше хематолошки анализатор за Здравствен дом – Ростуше

Иселеник од Жировница донираше хематолошки анализатор за Здравствен дом – Ростуше

by trinitymedia
111 views

(МИА) – Здравствениот дом „Русе Бошковски“ во Ростуше, седиште на општина Маврово и Ростуше, доби нов хематолошки анализатор, донација од Фатмир Веапи, иселеник од село Жировница, кој живее и работи во Германија. 

-Донацијата во вредност од 350.000 денари на нашиот сограѓанин Веапи е добредојдена и е во интерес на нашите граѓани и нивното здравје. Ова е последователна донација, по онаа нашиот сограѓанин, Салмин Камбери, од село Скудриње, кој живее и работи во Германија а за потребите на домот донираше  биохемиски анализатор во вредност од 146.000 денари, изјави за МИА, Омер Дурмиши директор на здравствениот дом. 

Изразува голема благодарност од име на целиот колектив и секако од граѓаните, до иселениците од подрачјето на Река, кои живеат и работат во некоја западно европска земја, кои не го забораваат родното место и своите сограѓани.  

Домот располага и со нов ехо апарат,  донација на општина Маврово и Ростуше во вредност од 20 илјади евра, кој, како што оценува Дурмиши беше повеќе од потребен, бидејќи за потребна услуга жителите од оваа општина мораа да патуваат  до здравствени установи во Струга, Охрид или Скопје. 

Во Здравственот дом „Русе Бошковски“ работат четриесеттина  здратсвени работници кои здравствена заштита пружаат на жителите од целата општина. 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!