Home Култура Изложба на Боре Митовски во ART HUB Уметнички Центар

Изложба на Боре Митовски во ART HUB Уметнички Центар

by Марко Стоименовски
37 views

Со особена чест и задоволство ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на Боре Митовски со наслов „Душа на платно“.

Изложбата ќе се отвори на 13.11.2023 год. (понеделник) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306 , со почеток во 19 часот.

Ова е прва изложба на Боре Митовски во Македонија на која што ќе бидат презентирани над 30 слики изработени во техниката акрил на платно.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 23.11.2023 година.

Г-дин Боре Митовски живе и работи во Република Словенија и е член на ликовното друштво „Горишка Палета„ од Нова Горица. Има учествувано на над сто изложби и се стекнал со бројни признанија. Слика во повеќе техники: масло на платно, акрил на платно и хартија, со теми на реализам, апстракција, импресионализам и кубизам.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!