Home » Вера, традиција и македонска песна во новиот храм во Корденонс

Вера, традиција и македонска песна во новиот храм во Корденонс

by Simona Stoleska
25 views
Светата Литургија во новиот храм на МПЦО “Собор на сите Македонски Светители” во Корденонс по повод празникот “Св.Наум Охридски Чудотворец” заврши со славски ручек дониран од кумовите и веселба приредена од играорците од КУД “Тʼга за југ” од Пјеве до Солиго и музичката група “Мите и Коки Бенд”, кои со својата прекрасна изведба и песна, и исклучителниот настап придонесоа прославата да добие посебна свеченост.
Голема благодарност и честитки за организацијата до: Ранко Симиџиоски, Спасе Симиџиоски, Пане Шикулески, Љубе Глигороски, Мирче Долински, Танче Анѓелкоски, Горан Наумоски, нивните сопруги и деца, до старите и новите кумови, до Наташа Наумоска и КУД “Тʼга за Југ” и играорците, до Отец Дејан и Отец Орце и сите присутни на овој прекрасен весел настан на кој се славеше верата и љубовта кон татковината.
Догодина пак, сите заедно

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе