43
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов на авторите од иселеништво кои учествуваа на Иселеничките литературни средби во Струмица, им подари благодарници, за учество и за чувањето и негувањето на македонскиот јазик и култура во иселеништво.
Оваа година учесници беа: Марјан Смоларски повратник од Швајцарија, Весна Стојкоска од Србија, Оливера Јовановска од Австралија, Иван Димоски од Хрватска, Илина Јовановиќ Јаковчевска од Германија, Сара Оручи Мемедовска од Германија, Зоран Карапанчев од Канада,
Искра Пенева од Србија, Мирјана Мајиќ од Хрватска, Ана Илиоска Богиќ од Србија, Нове Младеновски од Австралија, Ибраим Џемаил од Германија, Крисанта Јанкула од Албанија, Ратка Колева Дамњановиќ од Флорида, САД.
Учесниците се заблагодарија за организираниот настан на кој имаа можност да ги презентират своите литературни дела.
Директорот во поздравниот говор уште еднаш ја истакна улогата на творењето на мајчин јазик во зачувувањето на македонската култура и идентитет и нивно пренесување на следните генерации.




