Home » Нови уписи во Јазично-креативниот клуб „ЗБОР“ во Салцбург

Нови уписи во Јазично-креативниот клуб „ЗБОР“ во Салцбург

by Simona Stoleska
8 views
Ги каниме сите деца на возраст од 6 до 15 години кои имаат македонско потекло и живеат во Салцбург да станат дел од нашиот Јазично- креативен клуб ЗБОР, кој брои триесетина деца, но вратите се отворени за нови уписи.
Заедно ќе учиме македонски јазик, ќе се запознаваме со убавините на нашата убава Македонија, ќе ја откриваме македонската богата традиција.
Исто така планирани се најразлични настани каде ќе уживаат и децата и родителите, пикник, екскурзии, промоции на македонски детски книги, театарски престави за деца и уште многу други активности, каде ќе зборуваме на нашиот мајчин јазик, ќе го негуваме и ќе го збогатуваме вашиот вокабулар.
Затоа што Јазикот е единствената наша татковина, каде и да сме, тој е нашиот идентитет и нераскинлива врска со нашите корени.
Контакт: verein.makedonium@gmail.com

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе