Home Иселенички СтраниАвстралија ЗАВРШИ „ИСЕЛЕНИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“ ВО КРУШЕВО

ЗАВРШИ „ИСЕЛЕНИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“ ВО КРУШЕВО

53 views

Во организација на Агенцијата за иселеништво од 12 – 17 јуни во Крушево се одржа „Иселеничката ликовна колонија“.

Пристигнаа девет ликовни уметници од различни земји – Тодор Јовановски (Србија), Владо Јаневски (Австралија), Бронхилда Станковска (Шведска), Олгица Зафировиќ (Србија), Боре Митовски (Словенија), Слаѓана Аризановиќ (Србија), Мирела Думитреску (Романија), Марија Александрова (Австралија) и Тања Пешиќ (Србија).

     

Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-н Слободан Близнаковски, ги поздрави присутните и им се заблагодари за учеството, истакнувајќи дека оваа втора по ред Ликовна колонија за нашите ликовни уметници кои творат во иселеништво ќе добие традиционален карактер поради се поголемиот интерес. Минатогодишниот учесник, Тодор Јовановски од Белград, како знак за благодарност и внимание подари три прекрасни акварели за присутните претставници на Агенцијата.

 

Уметниците твореа шест дена во прекрасниот амбиент на историското Крушево, под „Мечкин камен“ и гостољубивоста на хотелот „Монтана“. Преку разговори, за судбински премрежија во туѓина, отварајќи си ја душата – разлеваа со четките палета од бои по празните платна. Секое име на сликите како „Млада Охриѓанка“, „Жито“, „Православие“, „Светло“, „Разделба“… ја раскажува емотивната приказна за оттргнувањето од родниот дом.

          

На крајот од оваа прекрасна уметничка дружба, стекнувајќи се со  нови пријатели, директорот Близнаковски им додели благодарници за учеството и покана за повторно видување во татковината.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!