Home Иселенички СтраниАвстралија ЗАПОЧНА „ЛЕТНИОТ КАМП 2024″ ПОКРАЈ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ЗАПОЧНА „ЛЕТНИОТ КАМП 2024″ ПОКРАЈ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

by Марко Стоименовски
84 views
Во организација на Агенцијата за иселеништво на 1 август свечено беше отворен  Летниот камп 2024″ што се одржува во Конгресниот центар покрај Охридското Езеро. На отворањето на младите учесници им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и им посака летна дружба, нови другарувања и незаборавен престој во татковината.

На Кампот присуствуваат деца од Велика Британија, Србија, Хрватска, Шведска, Канада и Германија. Дружбата ќе трае до 8 август, уживајќи во летните спортски активности како одбојка, ракомет, кошарка, пинг понг, бадмингтон и пливање.

Директорот Близнаковски им додели благодарници на сите деца за нивното учество, со надеж дека новите пријателства од Кампот ќе продолжат да траат и во иднина.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!