Home Иселенички СтраниЕвропа Во Берлин од септември продолжува дополнителната настава по македонски јазик

Во Берлин од септември продолжува дополнителната настава по македонски јазик

128 views

ПОЧИТУВАНИ МАКЕДОНЦИ!
Со огромно задоволство Ве известуваме дека од септември 2024 г. продолжува да се реализира дополнителната настава на македонски јазик. Истата ќе се одвива секоја среда во училиштето Rosa Parks Grundschule, со почеток во 16.30 часот,како и секоја втора и четврта недела од месецот во помошните простории на МПЦ,, Св. Климент Охридски“ во Берлин со почеток во 12 часот.Покрај наставата на македонски јазик во МПЦ ,,Св.Климент Охридски“, ќе се реализира и детски хор каде ќе се изучуваат македонски традиционални и македонски детски песни.
Пријавувањето на учениците за учебната 2024/2025 е во тек.Сите заинтересирани родители треба да пополнат пријава која ќе биде достапна во просториите на црквата или кај наставничката Ана Смилевска преку емаил-адресата:
anasmilevska@hotmail.com.
Дополнителната настава на македонски јазик е организирана и во целост финансирана од Министерството за образование и наука, а исто така следуваат и бесплатни учебни помагала кои ги обезбедува Агенцијата за иселеништво.
Распоред на часовите:
Вторник, онлајн на платформата Zoom, почеток во 18 часот.
Среда (секоја среда) во Rosa Parks Grundschule, училница 212, почеток 16.30 часот.
Недела ( секоја втора и четврта недела во месецот) во МПЦ,,Св.Климент Охридски“, почеток 12 часот:
-Македонски јазик, наставник Ана Смилевска
– Хор, наставник Ана Смилевска
Исто така, по самоиницијатива на отецот Оливер Новески, секоја втора и четврта недела во просториите на МПЦ,, Св.Климент Охридски ” после часовите по македонски јазик, ќе реализира отецот час по веронаука, чие учество на учениците ќе биде доброволно.

Прочитајте повеќе на следниот линк.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!