Home » Средба со раководството на македонскиот клуб „Кирил и Методиј“ во Улм

Средба со раководството на македонскиот клуб „Кирил и Методиј“ во Улм

by Марко Стоименовски
63 views

За време на престојот во Улм претставниците од Агенцијата за иселеништво остварија средба со раководството на Културниот клуб „Кирил и Методиј“ кој опстојува трисетина години.

Од активности клубот ги издвојува музичките настани, а во последно време имаат формирано училиште за германски јазик за новодојдените Македонци. Училиштето е бесплатно и го води г-ѓата Соња Дурчак Таировска.

Жените од Клубот преку организирање во „Женски актив“ планираат да изготват „Готвач за македонски традиционални јадења“.

Клубот е отворен за новодојдените и сите кои имаат желба да членуваат и да се дружат со останатите Македонци.  Раководството истакна дека се фокусирани посебно кон идејата младите генерации да го поетуваат друштвото и да го  превземат водењето со нови  корисни програми и настани.

Претседателот Ангел Петровски упати благодарност до директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и до претставниците од Агенцијата за посетата и досегашната соработка и поддршка.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!