Home Иселенички СтраниАвстралија Шест годишен јубилеј на млд” Ванчо Николески” Квинбијан 2023

Шест годишен јубилеј на млд” Ванчо Николески” Квинбијан 2023

by Марко Стоименовски
24 views
ШЕСТ ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА МЛД” ВАНЧО НИКОЛЕСКИ” КВИНБИЈАН 2023
Во саботата на 11-2-2023 година се одржа шест годишнината од постоењето на МЛД” Ванчо Николески” во просториите на Македонскиот центар во Квинбијан.
На настанот присуствуваа повеќе од седумдесет љубители на Македонскиот пишан збор. Каде беја промовирани две нови книги.
1- Книга поезија Позајмениот куфер од Наум Трајчески
За поетот Наум Трајчески Биографија и вовед прочита Магистер: Јовица Ѓоргоски. Промотор беше познатата по книжевност Магистер:Билјана Петрова.
Поезија за Наум прочитаа: Ј. Ѓоргоски, Слободанка Петрова, Билјана Попоска,Роза Ночевска, Билјана Петрова и Велика Џангаловска. Потоа Наум ги поздрави присутните со три песни од неговата книга.
2- Книга роман Вистината има голо лице од Велика Џангаловска Гатсис
За Велика Џангаловска Биографија и исечок прочита промоторката Сузана Митева. А потоа Велика кажа дека романот е напишан од вистински случувања и е убаво секој да го прочита.
Двете публикации се плод на локални автори од МЛД ” В. Николески”.
За пријатно изненадување имаше и една поетеса Марија Александрова од Сиднеј на која и беше дозволено да си ја промовира нејзината нова книга поезија Гулабица недофатна. Исто имавме присутен поет од Њукастел господинот Гроздан Јовановски. На кој му беше врачена благодарница за неговата поддршка и присутност на сите досегашни јубилеи од претседателот на МЛД ” Ванчо Николески” Наум Трајчески. Потоа Наум им се заблагодари на сите присутни со надеж до година здрави живи пак да се видиме.
https://www.facebook.com/MLSLVanchoNikoleski/posts/pfbid0MqBh8JmjHd9YZR1b6m9U4FcDT6mnQNrfezzvA4RwMh4kyjthtKyKy8WRBpD2BeHGl

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!