Во недела на 17 декември во Малта се оддржа предновогодишна забава и претстава “Дедо мраз дојде и кај нас” за деца на македонци кои живеат на Малта. Настанот беше организиран од страна на учителката по македонски јазик Розита Закева, а учество земаа сите ученици кои ни се редовни учесници на летната школа по македонски јазик во организација на Агенцијата за иселеништво во РСМ .
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски во своето излагање ги истакна активностите на агенцијата, ги охрабри иселениците од Македонија во Малта , да во што поскоро време се организираат во здружение а понатаму во соработка со МПЦ-ОА да формираат македонска црковна општина, фолклорен клуб и спортски клубови на македонците во Малта . Воедно им ги честита престојните Божиќни и новогодишни празници и на крај се заблагодари на особената активност на госпоѓата Розита Закева на која и врачи благодарница за соработката и посветеноста како и ширењето и оддржувањето на македонскиот јазик и традиција во Малта.
Со своето присуство и обраќање свој придонес и значење даде и амбасадорот од РСМ во Италија, Малта и Сан Марино г-динот Весел Мемеди.
На овој настан се поделија пакетчиња на 74 дечиња во присутво на близу 200 македонски иселеници.
Notice: Undefined index: penci_img_type in /home/minisel/public_html/wp-content/themes/soledad/inc/elementor/modules/penci-image-gallery/widgets/penci-image-gallery.php on line 333