Home Иселенички СтраниАвстралија Прогласени најдобрите дела за Прличева награда

Прогласени најдобрите дела за Прличева награда

by Марко Стоименовски
55 views

ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

Жири комисијата во состав на Мери Петковска (претседател),Славица Ристеска и Драгица Митев ги објави наградените дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2022 година организиран од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Конкурсот се организира за последните 45 години и има за цел да ги поттикне Македонците во Австралија да го промовира македонскиот јазик и ја задржува традицијата за негување на македонскиот пишан збор. За четирите категории пристигнаа 44 дела. Жири комисијата ја донесе следнава одлука:

Песни за возрасни

Прва награда: „Од туѓина стигнав“  –  Шифра: дедо и баба, автор Наум Трајчески

Втора награда: „За сите кој се молат за некого“  – Шифра: Те молам за втора шанса, автор Оливера Јовановска

Трета награда: „Од главата си патиме“ – Шифра:?, автор Наум Пауноски

Трета награда: „Казна“ –  Шифра: мајка, автор Наум Трајчески

Песни за деца

Прва награда: „Новата учителка“ –  Шифра: Стариот учител, автор Ристе Петрески

Втора награда: „Не е смешно другарче“ –  Шифра:Трендафилчиња, автор Гроздан Јовановски

Трета награда: „Училиште зрак од светла иднина“ – Шифра:Деца,Деца, автор Оливера Јовановска

Раскази за возрасни

Прва награда: „Бројаница“ – Шифра: Бројаница, автор Љубица Поповска

Втора награда: Не припаѓам во твојот свет – Шифра: Те напуштам, автор Оливера Јовановска

Трета награда: „Геноцид“ – Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис

Раскази за деца

Прва награда: „Нов будилник“ – Шифра:?, автор Гордана Димовска

Втора награда: „Двете мали мечиња“ – Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис

Трета награда: „Маица“ – Шифра: Маица, автор Љубица Поповска

Првонаградена песна за возрасни:

ОД ТУЃНА СТИГНАВ      

Ко уморена птица

од туѓина стигнав.

В растурено гнездо

јас ноќта ја минав.

 

Многупати ќерне

се завртев в час.

Наоколу гледав,

не испуштив глас.

 

Можеби по патот

татко ми ќе мине,

јавајќи на коњот

дома за да стигне?!

 

Бериќетот сакам

повторно да никне.

Мајка ми од негде

” Сине!” да ми викне!

 

Ветровите веат,

прашина се крева.

Во куќата наша

сега има врева.

 

Радувај се, село,

со нас сите збрани-

сонцето те грее

од неколку страни!

 

Потомци млади

дојдени се тука,

за баба и дедо

срцето им чука.

 

Дома да се врати

не видоа дедо,

не слушнаа баба

да им каже: “Чедо!”

 

Наум Трајчески

 

 

Првонаградена песна за деца:

 

НОВАТА  УЧИТЕЛКА       

 

Од како учителот

во пензија појде

на негово место

учителка ни дојде.

 

Се престави таа

со презиме и име

истото го посака

да го сториме ние.

 

Внимателно сите

не прозива со ред

зборовите и беа

послатки од мед.

 

“Ќе говориме денес

за природата дечиња

во гората знаеме

има многу мечиња.

 

Природата е мајка

сите што не храни

од секакво зло

таа нас не брани”.

Ристе Петрески

Почитувани членови

Ви ја доставувам одлуката на Жири комисијата за изборот на најдобрите дела за Прличева награда од традиционалниот награден конкурс. Наградите ќе се доделат при прославата 45 годишницата на МЛД „Григор Прличев“ – накнадно ќе ве информираме за терминот на прославата. Им честитам на наградените поети и писатели, а исто ги пренесувам честитките од Жири комисијата.

Го припремаме најновиот број на Повод што ќе биде посветен за поетот Григор Прличев и секако на вас Прличевци, наследници на големиот поет со кој се „дружиме“ повеќе од четири децении. По овој повод Ве поканувам да испратите поетски дела посветени на Григор Прличев и вопшто на македонските просветители.

Со почит

Душан

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!