Home Активности на Агенцијата за иселеништво НА СВП ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА „СТОЈАН ХРИСТОВ” НА ИСЕЛЕНИЧКИОТ ПОЕТ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ

НА СВП ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА „СТОЈАН ХРИСТОВ” НА ИСЕЛЕНИЧКИОТ ПОЕТ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ

by Марко Стоименовски
32 views

На годинешните 63-ти „Струшки вечери на поезијата” беше доделена и наградата „Стојан Христов” за најуспешна иселеничка поезија. Оваа награда се врачува традиционално во организација на Агенцијата за иселеништво.

Од пристигнатите пет книги, жири комисијата одлучи ова признание да го додели на Владо Јаневски за поетската збирка „На грбот на неповратот”.

На 24 август, директорот на Агенцијата за иселеништво, г-н Слободан Близнаковски, ја додели наградата „Стојан Христов” и во своето обраќање ја нагласи важноста за изразување на својот мајчин јазик, како основа за зачувување на традицијата и културните придобивки на својот народ, со надеж дека и понатаму успешно ќе твори и ќе не прави горди преку неговиот разновиден уметнички сензибилитет.

Авторот Владо Јаневски живее и твори повеќе децении во Сиднеј, Австралија. Стиховите се само еден дел од неговото многуслојно уметничко творење, бидејќи освен со пишување на поезија, има објавено романи, стрипови, сценарија за филм, карикатури, илустрира книги за деца и воедно е успешен сликар (учесник на Иселеничката ликовна колонија). Има добиено многу меѓународни награди и признанија за своето творештво и е член на Друштвото на писателите на Македонија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!