61
Почитувани,
Денес, 5ти март 2023 година, за нашата црковна општина, беше еден многу важен ден.
После долгогодишна работа на црковниот одбор во заминување, денес беше потпишан договор со Италијанските свештеници од Cordenons (PN) за да ни ја дадат на користење нивната црква San Giovanni, каде ќе можеме да организираме наши православни богослужби на македонски јазик.
Голема благодарност до don Angelo и don Giosuè за можноста што ни ја дадоа и што не пречекаа денес со голема гостопримливост и како вистински домаќини.
Исто така и голема благодарност до професорот по теологија од Скопје, Момчило, за неговата несебична помош.
Голема благодарност и до сите наши верници што дојдоа денес да ја поддржат оваа иницијатива. Бевме во навистина голем број: и стари и млади и деца. Стар и нов црковен одбор заедно, сплотени и сложни. А за понатака, дај Боже да не има во уште поголем број.
Им посакуваме добра и успешна работа на новиот претседател и новиот црковен одбор. И добра и успешна работа на нашиот парохиски свештеник Отец Дејан Миловски.
Ви благодариме за поддршката,
Црковен одбор во заминување.
https://www.facebook.com/ChiesaOrtodossaMacedoneSoborNaSiteMakSvetiteli/posts/pfbid0fYeG8WFQ4Z8GMXT1qaUkj1w78KZTupX5FJ5ahj5ziCiNZN6TYJBBjpHbtVvDv2srl