Home Иселенички СтраниЕвропа МКД „Македонија“ од Љубљана организира традиционално Македонско дружење

МКД „Македонија“ од Љубљана организира традиционално Македонско дружење

by Марко Стоименовски
37 views
Драги пријатели,
со големо задоволство ве покануваме на Традиционално Македонско дружење, организирано од Македонското културно друштво Македонија од Љубљана, по повод македонскиот национален празник – 11. Октомври.
Датум: Сабота, 14.10.2023 година
Час: 20:00 часот
Локација: Ресторан Портал
За вистинска македонска атмосфера, ќе се погрижи реномираниот бенд “Елита” од Охрид со пејачката Ивана Стојановска.
Цена за свечена вечера и музика:
Возрасни: 29 евра
Деца: 19 евра
За информации и резервации, контактирајте ја Блага Петкова на 040892041.
Мени картите може да се купат и резервираат и со плаќање во TRR на здружението. Внесете го вашето име и презиме и наведете ја адресата на здружението:
MKD Makedonija, Masarykova 24
1000 Ljubljana
TRR: SI 566100 0001 3475 878
Македонско мени:
Предјадење:
– Печена полнета пиперка со урда и сирење
– Ајвар
Вечера:
– Плескавица
– Уштипец
– Вешалица
– Печени компири
– Тавче гравче
– Мешана македонска салата
Се надеваме дека ќе можете да ни се придружите и заедно повторно да го откриеме богатството на македонската култура. Ќе биде незаборавно! Ве очекуваме!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!