Home Култура Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ на 3-ти јуни во општина Илинден

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ на 3-ти јуни во општина Илинден

32 views

ИНФОРМАЦИЈА

 

датум, 31.05.2023                                                        

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ на 3-ти јуни во општина Илинден

За прв пат  во општина Илинден ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има осумгодишна традиција во Долно Лисиче.  Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да се запознаат со сите гости на овогодишниот фестивал од соседна Бугарија, Србија, Косово како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“  и  ФА „Плетеница“.

Овој фестивал се одржува во чест на празникот Св.Троица.  На 3 јуни  во 17:00 часот од прeд спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден, ќе започне фестивалското дефиле со сите учесници по ул.9 се до Домот на култура ,,Илинден” каде што во амфитеатарот со почеток во 18:00 часот ќе се одржи концертот.

Овој фестивал има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, создавање нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини,  размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!