Во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб се одржа музејско-музичкиот перформанс „Тоше во срцето на Хрватска“.
Стотици граѓани во текот на целиот ден ја посетија музејската поставка со верба да се продолжи споменот за Тоше Проески – човекот, уметникот, пејачот, гласот кој ги пречекори и ги премости физичките граници меѓу државите, кој покажа дека вредноста на уметничкото дејствување во себе ја содржи онаа моќ, онаа творечка, естетска енергија што не може да се затвори во една средина и во една култура.
Настанот се реализираше во соработка со НУ ,,Спомен-куќа на Тодор Проески“ од Крушево.
Прочитајте тука: Mузејско-музички перформанс „Тоше во срцето на Хрватска“ во Македонскиот културен центар во Загреб – Република