Home » Летното школо на македонскиот јазик

Летното школо на македонскиот јазик

by Марко Стоименовски
113 views

Велат дека – таму каде што се зборува со јазикот на народот….народот никогаш нема да исчезне…таму каде што се пишува на јазикот на народот… народот станува вечен.

Таму каде што децата го негуваат писмото на народот…за тој народ зборуваат другите…и учат од него…

Нашите деца, нашите Македонки и Македонци, од 25.8. до 31.8.2024 година… во Селце учествуваат на Летнато школо за македонски јазик што го организира Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Летното школо за македонски јазик го финансираше Министерството за образование на Република Хрватска, а свој придонес дадоа и Друштвата кои се составен дел на Заедницата, како и Советот на македонското национално малцинство на град Загреб со едукативни и дидактички материјали. Целокупниот концепт на Летното школо го креираа учителките по македонски јазик по моделот Ц во основните училишта во Загреб, Риека, Осиек и Пула. Учителките Деспина Белчовска Велински, Сашка Соломоновска Јаневски, Маја Јовановски и водителката на фолклор Ивона Дуноски Митев.

Во Летното школо учествуваат триесетина деца од цела Хрватска, на возраст од 9 до 16 години.

На сите им испраќаат голем Македонски поздрав и порака… Македонскиот јазик е и ќе биде, Секогаш. Вечно.

Иван Димовски

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!